Претседателот на САД, Доналд Трамп, доби покана од премиерката Тереза Меј да го посети Обединетото Кралство, а во таа пригода ќе биде организиран и прием во Бакингамската палата.
Преку милион Британци ја потпишаа петицијата со која апелираа до претставниците на власта да ја повлечат поканата бидејќи сметаат дека средбата на Трамп со кралицата може да предизвика штета на нејзиниот углед.
Сега испливаа и Трамповите стари твитови, на кои реагира на фотографиите на Кејт Мидлтон во топлес, а објавени во еден француски магазин.
Трамп во твитовите објавени од септември 2012 година напишал дека Кејт е сама виновна за тие фотографии.
-Кејт Мидлотн е прекрасна, но не би требало да се сонча гола. Сама е виновна за тоа, напишал Трамп и додал: Па кој не би ја фотографирал Кејт и заработил многу пари, ако таа се сонча гола. Дај, Кејт!
Во една пригода тој ја понижил и принцезата Дајана, мајката на принцовите Вилијам и Хари.
-Единствена работа за која жалам е што никогаш немав можност да бидам со леди Дајана – напишал Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.