Камион кој удрил во мостот кој го поврзува Сиетл во САД со Канада, најверојатно е причината за неговото уривање, соопшти Националната управа за безбедност во сообраќајот. При уривањето на мостот нема човечки жртви, иако неколку возила, заедно со патниците во нив, паднаа во реката. Од реката се извлечени три лица, од кои две се хоспитализирани поради хипотермија.
Автопатот на кој се наоѓа овој мост е главниот сообраќаен коридор меѓу американскиот Сиетл и канадски Ванкувер.
Се претпоставува дека преоптоварениот камион со приколка, кој се движел кон југ, друл во мостот, а непосредно потоа дошло до уривање на мостот, пренесува Танјуг.
Државниот министер за сообраќај Лин Петерсон рече дека овој мост е изграден во 1955 година и не спаѓа во оние кај кои Министерството во 2011 година констатирало некаков „структурен недостиг“.
Американското здружение на цивилни инженери истакнува дека повеќе од четвртината од вкупно 7.840 мостови во државата Вашингтон се структурно неадекватни или функционално застарени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


