| четврток, 6 декември 2018 |

Авион ја промаши пистата во Варна- повредени Бугарка и Германка

варна Аеродромот во Варна е затворен откако авион не ја погоди пистата при слетување. Две патнички се повредени, од 172 патници во авионот „Ербас 320“ кој од Лајпциг летал за Варна. Како причина за инцидентот се наведува лошите временски услови.

Според локалните медиуми, авионот бил на чартер линија, другите патници се евакуирани и се чувствуваат добро, а додека аеродромот во Варна е затворен, сите летови се пренасочуваат кон Бургас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top