Откако на 2 мај 29 годишен скопјанец пријавил грабеж во полиција, истрагата открила поинаква вистина. Наводниот грабеж на „Водњанска“ во кој според пријавата иле одземени ташна, документи и паричник со 200.000 денари кои претходно ги подигнал од банка, всушност биле алиби за пријавувачот пред неговата болна мајка.
Откако истрагата на полицијата покажала дека тој воопшто не подигнал пари од банка, скопјанецот ја признал лагата.
– Лажно пријавил со цел да не ја разочара неговата болна мајка, бидејќи претходно ја излажал дека станот го издал на странци за висока кирија и дека парите кои ги зел од киријата и кои наводно ги подигнал од банката му ги украле, соопшти полицијата.
СВР Скопје сега поднесе кривична пријава против 29-годишниот скопјанец Ј.Ј., кој досега не бил сторител на кривично дело и не е заведен во полициската крим-евиденција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)


