| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона повторно шокира, се спаси од пораз во последната минута (видео)

luis suarez

Барселона не успеа да ја продолжи серијата добри игри и резултати во Примера дивизија откако ремизираше 1-1 на гостувањето против Бетис. Каталонците одиграа под своите можности и со многу среќа дојдоа и до бод, со голот на Луис Суарез во 90. минута.

Бетис со пресинг игра на противничката половина целосно го неутрализираше каталонскиот гигант, домаќините ги имаа најубавите шанси на средбата, па преку Алегриа во 74. минута стигнаа и до водство. Барса дури по примениот гол се разбуди, заигра во својот препознатлив ритам, но избраниците на Луис Енрике (кој повторно имаше неуспешни експерименти во составот) едвај стигнаа до бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top