| четврток, 6 декември 2018 |

Кампања на „Македонска алијанса“ за изборите во Албанија

Македонската алијанса за евроспка интеграција во понеделник ќе ја почне кампањата за парламентарните избори закажани за 23-ти јуни во Албанија. Првиот митинг е закажан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, Мала Преспа. Ќе се претстават кандидатите за пратеници за регионите Корча, Елбасан, главниот град Тирана, Пешкопеја, Кукс и Драч. Партијата има 86 кандидати Македонци во сите 12 изборни единици.
Македонска алијанса за европска интеграција заедно со уште 25 партии се дел од коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од Демократската партија на премиерот Сали Бериша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top