Канадскиот премиер Џастин Трудо објави денеска на Твитер дека Канаѓаните ќе им „посакаат добредојде“ на оние кои бегаат од прогон, терор и војна, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе четиримесечна забрана за влез на бегалците од неколку муслимански земји во САД.
– За оние кои бегаат од прогон, терор и војна, Канаѓаните ќе посакаат добредојде, без оглед на која вера и припаѓаат. Различноста е нашата сила- напиша Трудо на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.