| четврток, 6 декември 2018 |

Генијална идеја: Ако забремените во хотел во Италија, добивате бесплатен одмор

Ако забремените во некои од хотелите во Италија, ќе добиете бесплатен одмор. Оваа генијална идеја е на дел од хотелиерите во италијанското гратче Асиси кои им нудат бесплатен одмор на гостите кои ќе забременат за време на престојот во хотелите.

Асиси се наоѓа во регионот Умбрија во централна Италија и е дел од проектот „Fertility Room“ на локалниот совет за туризам.

Целта е да се поттикне развојот на домашниот туризам, како и да се зголеми стапката на наталитет во оваа земја. Некои од хотелите нудат и враѓање на парите за сместување, додека други нудат бесплатно ноќевање за сите гости на кои им се родило дете 9 месеци по престојот во хотелот.

Италија има најниска стапка на наталитет во Европската унија и една од најниските стапки во светот со родени 8 бебиња на 1.000 жители во 2015 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top