Животот на англиската фудбалска легенда Дејвид Бека отсекогаш бил во фокусот на вниманието на светската јавност.
Сега се најде на страниците од англиските медиуми, откако и помогна на старица во главниот град на Англија. Старицата паднала на раскрсница во Лондон, а кога Бекам видел дека беспомошно лежи запрел со својот автомобил, го блокирал сообраќајот и повикал Брза помош.
Се додека не пристигнала Брзата помош, Бекам седел со старица, па дури откако се се завршило заминал од местото… Интересно е дека останатите минувачи во Лондон ниту најмалку не се потрудиле околу старицата, но откако го виделе Дејвид Бекам во една таква ситуација главно почнале да фотографираат.
CLASS: David Beckham stops to help an elderly women who collapsed in the street. 👏 pic.twitter.com/Z7lYI8PAMK
— SPORF (@Sporf) January 20, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


