Потенцираме дека годишната програма на Министерството за култура е донесена согласно Законските прописи во нашата држава. СДСМ е партија која зад себе нема оставено ниту еден значаен проект од областа на културата, и затоа се прашуваме со кој кредибилитет, претставниците на оваа партија ги коментираат програмите на Министерството за култура”, стои во реакцијата на министерството на денешната прес-коференција на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.
Од Министерството соопштија дека во програмата и оваа 2017 година се застапени огромен број на квалитетни проекти на националните и локалните институции, на граѓанските здруженија и на истакнати и реномирани автори и репродуктивни уметници.
„Го прашуваме господинот Алаѓозовски во кој од поддржаните преку 500 проекти од издавачката дејност препознава лична одмазда? Дали во преку 350-публикации, книги на млади автори и истакнати книжевни имиња од земјата и странство, дали во поддржаните преку 40 списанија, дали во проектите од електронското издаваштво и за каква лична одмазда зборува господинот Алаѓозовски”, велат од Министерството за култура.
Од Министерството изјавија дека ги отфрлаат сите обвинувања за како што соопштија, некаква си измислена лична одмазда што очигледно постои само во свеста на Алаѓозовски, неговите истомисленици и партиски ментори, велат во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците


