| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Меланија Трамп беше облечена во сино?

Меланија Трамп која од вчера официјално е прва дама на САД, за инаугурацијата на својот сопруг, Доналд Трамп, реши да облече модерна, елегантна, сина комбинација, а многумина се запрашаа зошто нејзиниот избор паднал токму на ова модно парче.

Одговорот е следниот: Креацијата на Меланија од Ралф Лорен многу потсетува на онаа на Џеки Кенеди, и тоа токму на денот на инаугурацијата на нејзиниот сопруг.

untitleduymk67i67i456784i8674i6767

Со ова Меланија изгледа како прва дама на САД сакала да упати јасна порака до сите дека ќе му служи на народот и ќе ги исполнува своите задолженија како што треба и како што и прилега, иако таа не е Американка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top