| четврток, 6 декември 2018 |

Чаби Алонсо ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната

cabi alonso

Шпанскиот интернационалец Чаби Алонсо ја игра својата последна сезона како професионален фудбалер. Тој на крајот од овој шампионат ќе стави крај на богатата кариера, тврди германскиот „Билд“.

Двојниот освојувач на Лигата на шампионите, фудбалерот кој со Шпанија освои трофеј на Светско првенство и на Европско првенство, како и по две титули од Примера и од Бундес-лигата, одлучи дека дојде време да се повлече од активното играње фудбал. Актуелниот договор на Чаби Алонсо со Баерн Минхен истекува токму на крајот од сезоната, а 35-годишниот играч не може веќе да ги издржи максималните напори што ги бара професионалниот фудбал.

Чаби Алонсо ја почна кариерата во Реал Сосиедад, потоа играше за Ливерпул, Реал Мадрид, а ќе заврши како фудбалер на Баерн Минхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top