| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватската војска ќе го минира Дунав

Во Србија е прогласена вонредна одбрана, а заканата доаѓа мразот на Дунав, кој веќе уништи неколку пристаништа. Земјата се справува со невидени тешкотии, реката не е пловна, а двата унгарски мразокршачи доведени во Дунав со цел да го искршат мразот во реката меѓу Србија и Хртватска, можно е да не успеат да продолжат по течението на реката, поради што е можно од хрватската војска да се побара да постави експозиви, јави ДПА.

dunav mraz

Бродовите беа испретени согласно тристраниот државен договор со цел намалување на заканите од мраз во реката, вклучително и штети на инфраструктурата и поплави.

07-zaledjen-Dunav-8-140117

Унгарските бродови требаше да пристигнат во Вуковар, Хрватска, до синоќа, но едвај пристигнаа до Дал, на околу 20 километри нагоре по течението, јави „ХРТ“.  Таму се оформиле формации од мраз со должина од 10 километри и дебелина до метар и половина.

dunav mraz 2 apatin pristaniste dunav mraz

Ако мразокршачите не успеат да го расчистат патот за нормално течение на реката, хрватската војска може да биде повикана да го разбие мразот со експлозив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top