| четврток, 6 декември 2018 |

Семејство остана без покрив над глава, печка им го пеплоса домот

Спрат од куќа стара околу 30 години во кичевското село Бачишта утрово изгоре во пожар кој бил предизвикан од запалена печка, информираат од Противпожарната единица од Кичево.

Горан Соколески од ТППЕ Кичево истакна дека пожарот избил од запалената печка, ги разбудил домашните, кои веднаш ги повикале пожарникарите. Децата биле извадени, но продолжила борбата со огнот

-Се работи за куќа стара триесетина години, која има и трска наместо бетонска блоча и веројатно тоа дополнително придонело на огнот, кој од шпоретот ја зафатил покуќнината, вели Соколески.

Пожарот го гаснеле шест пожарникари си две возила, а околу 7 часот бил целосно изгаснат. Првичните проценки укажуваат дека се работи за штета од 15.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top