Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија нема да се доигра утре, барем според најавите од фудбалската федерација, а со прекинот поради националистички испади и навивање се сложија и претставниците на двете екипи, Шкендија и Тетекс,
-Одлуката е на делегатот на натпреварот, но апсолутно се согласуваме со неа, а истото мислење го делат и фудбалерите на двете екипи и нивните раководства. Вака веќе не може, и никој не сака да биде заложник на групи што не ги интересира фудбал. Дополнително ќе одлучиме кога ќе се доигра финалето на купот. Сакаме тоа да биде во фудбалска атмосфера,каква што му доликува на ваков меч – вели портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
Финалето, вечерва на двапати беше прекинувано, поради националистички извици од трибините и навредливо навивање, а за првпат во историјата на македонскиот фудбал, натпревар е прекинат и ќе се доигра во дополнителен термин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


