| четврток, 6 декември 2018 |

Листа на нешта на кои ќе им се радуваме во 2017 година…

%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0

Новогодишните одлуки често остануваат само на хартија и во нас може да предизвикаат чувство на неуспех и незадоволство. Затоа, заборавете на депресивната листа на одлуки и во новата 2017 влезете на најпозитивен начин, со 3 убави нешта кои можете да си ги направите за себе…

Листа на нешта на кои ќе им се радуваме во 2017 година…

Иако не можеме да знаеме што ќе се случува во иднина, сепак тоа не треба да не спречи да направиме планови.

Запишете барем 5 мали или големи планови кои сакате да ги остварите во новата година.

Тоа не значи дека сите тие ќе одат според вашиот план, но секогаш кога ќе помислите на нив ќе се појави насмевка на вашето лице.

Наместо да размислувате за нештата кои сте ги направиле погрешно, направете список со сите ваши успеси кои ги доживеавте во годината што си заминува.

Сетете се на сите препреки кои сте ги надминале и на се што сте направиле за некој друг. Сетете се само колку пати во текот на овие 12 месеци успешно сте ги решиле сите задачи и мали и големи животни проблеми кои се исправиле пред вас и сте продолжиле понатаму.

Новата година е време кога размислуваме што мораме да промениме во животот. Но наместо да се исполните со негативни мисли и критики, направите нешто што ќе ве развесели и за што ќе се гордеете.

Размислете дали сте добиле некој нов член во семејството, или пак можеби сте запознаеле некоја навистина квалитетна личност во вашиот живот или пак сте обновиле некое старо познанство, тогаш верувајте дека имате за што да бидете благодарни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top