| четврток, 6 декември 2018 |

Починал творецот на Киндер јајцето

Вилијам Салис, творец на славното и ширум светот омиленото “Киндер” јајце, починал во четвртокот на 83. години.
Тој починал во италијанскиот град Павија.

Салис, кој во компанијата “Ferrero” почнал да работи во 1960. година, многу брзо станал десна рака на нејзиниот сопственик Микеле Фереро.

Чоколадото во облик на јајце во чија внатрешност имало делови од ситни играчки за сложување, веднаш станало хит.

За повеќе од 40 години “Ferrero” продала милијарди Киндер јајца.

Во 70-тите години од минатиот век италијанскиот произведувач на чоколадни бомбони се обидел да создаде нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца кои се купувале само за време на Велигден.

Така настанало “Kinder Surprise”.

Чоколадото во облик на јајце во чија внатрешност имало делови од ситни играчки за сложување, веднаш станало хит.

За повеќе од 40 години “Ferrero” продала милијарди Киндер јајца.

Салис подоцна придонел и во создавањето на бројни други производни на оваа компанија, како чоколадните бонбони “Ferrero Roher” и “Pocket Coffee”.

Во пензија заминал во 2007. година, а донирал 400.000 евра за создавање на кампус за деца од 13 до 18 години, каде имале можност да ги развиваат своите уметнички таленти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top