Познатиот српски репрезентативец и играч на Манчестер сити Александар Коларов речиси 10 години бил во „врска“ со манекенката Кристина Мијачевиќ која пред една година му родила и дете. Како што пишуваат медиумите од соседството, по неколкумесечниот кофликт и натегања со манекенката, тој одлучил да го признае своето дете и да му го даде своето презиме. Тој ја преземал одговорноста и изјавил дека ќе се грижи за синот Петар.
Сепак, тука завршил нивниот однос, па како што изјавила манекенката единствено ќе комуницираат за работи поврзани со нивниот син.
По речиси една година откако го родила синот Петар, манекенката Мијачевиќ покажа дека е совршена кога е во прашање изгледот. Витката фигура Кристина ја врати за помалку од 12 месеци, а совршеното тело речиси секој ден го презентира на својот профил на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.