Српската тенисерка Ана Ивановиќ објави на својот профил на фејсбук дека става крај на играчката кариера.
Некогашната прва тенисерска во светот реши да се повлече во 29. година од животот пред се поради тоа што не е во можност да се натпреварува на највисокото ниво.
Минатата сезона одиграла само 15 натпревари поради проблеми со неколку различни повреди.
Во 2008 година го освои Роланд Гарос и истовремено стана и прва тенисерка во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


