| четврток, 6 декември 2018 |

По налог на Меркел: Темелна ревизија на германските служби за безбедност

Меркел вчера на министрите за правда и внатрешни работи на федерално и покраинско ниво им наложила да ги анализираат сите аспекти на случајот и да презентираат заклучоци што е можно побрзо, со цел таму каде што има потреба од реформи да бидат итно имплементирани

Германската канцеларка дала налог за длабинска ревизија на домашните служби за безбедност откако Тунижанинот Анис Амри кој што бил следен од полицијата успеа да убие 12 луѓе на божикен панаѓур во Берлин.

Според германските медиуми Меркел бил под притисок од јавноста и поради дводневното задоцнување по кое јавноста беше информирана за Амри кој во тој период успеа да замине во Италија каде што беше убиен од полицијата.
„Случајот Амри поттикнува прашања кои штп не се поврзани само со неговиот криминал туку и со времето предходно, откако тој пристигнал в Германија во јули 2015 година. Ние сега интензивно ќе испитаме во колкава мерка треба да се менуваат процедурите“, вели Меркел во изјавата за медиумите.
Меркел вчера на министрите за правда и внатрешни работи на федерално и покраинско ниво им наложила да ги анализираат сите аспекти на случајот и да презентираат заклучоци што е можно побрзо, со цел таму каде што има потреба од реформи  да бидат итно имплементирани.
Предходно и министерот за правда Хајко Мас најави дека ке испитува како може системот за следење на опасни лица да биде подобрен и дека ќе преземе конкретни мерки за побрза депортација на илегалните мигранти кои се одбиени при барањето за азил.
Германската јавност и медиуми сеуште се прашуваат како е можно Амри да се протне низ мрежата на служби за безбедност кои што знаеле дека е во контакт со радикални исламски проповедници и симпатизери на Исламската држава. Според весникот Шпигел службите за безбедност знаеле дека Амри се понудил да учествува во самоубиствена акција. Во истиот контекст и „Берлинер Цајтунг“ на својата насловна страница пишува „Тие го знаеа, тие не преземаа ништо“, критикувајќи ги Меркел и службите за безбедност за пропусти поради кои загинаа 12 а 48 луѓе беа повредени.
До терористичкиот напад во понеделникот во Берлин германската полиција која брзо реши или превенираше неколку терористички напади, важеше за една од најподготвените во Европа. По Берлин и службите за безбедност и канцераката Меркел ќе бидат под силен притиок на јавноста. Ова особено важи за Меркел која што покрај политиката на отворени врати за бегалците сега има уште една жешка тема која што ќе мора да ја објаснува пред гласачите во пресрет на сојузните парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top