| четврток, 6 декември 2018 |

Од кои земји се жртвите на терористичкиот напад во Берлин?

Државјани на Италија, Израел, Полска, Украина и на Чешка, како и седумина Германци се
дванаесетте жртви на терористичкиот напад со камион кој се случи во понеделникот во Берлин, објави во саботата германската Сојузна криминалистичка полиција.

Портпаролката на полицијата изјави дека меѓу убиените во нападот немало деца, додавајќи дека не може да дава натамошни поединости за жртвите, поради заштита на приватноста.

Според германските власти некои од повредените се во состојба опасна по животот, и остануваат во берлинските болници.

Дваесет и четиригодишниот Тунижанец Анис Амри, кого миланската полиција го застрела во петокот, во понеделникот на 19-ти декември изврши напад со камион врз божикен базар во западниот дел на Берлин во кој 12 луѓе беа убиени а 48 повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top