| четврток, 6 декември 2018 |

Атанас Николовски: Имав 6-ка за танцување на факултет

Како и секој спортист во спорт што  не е толку актуелен во Македонија, така и нашиот олимпискиот претставник, кајакарот Атанас Николовски, не ѝ беше толку познат во јавноста.

Сепак, меѓу десетте двојки што ја отворија првата сезона на „Танц со ѕвездите“, полека но сигурно Атанас и неговата партнерка, битолчанката Јована Василева, веќе по неколку емисии станаа фаворити, не само меѓу жирито, туку и кај публиката, која на крај им го донесе првото место.

3582_166539463508644_426501794_n

– Се потрудивме со Јована навистина да изиграме како што треба и секој час да биде, онака, исполнет со работа и ете резултатите си го покажаа своето – изјави Атанас за „Република“.

388142_164854587010465_2130644408_n

Атанас, пред сѐ, е задоволен од тоа што го постигнал имајќи предвид дека никогаш порано не танцувал. Речиси никогаш.

– Ова ми беше прво танцување. Не! Единствено на Факултетот за физичка култура и тоа едвај поминав и тоа со шестка – се смее тој.

934975_168659619963295_1576561640_n

Меѓу сите танци, на Атанас без сомнение омилено му беше пасо добле, кое посакал да го изигра уште во првиот момент кога ги видел на подиумот Андријана Будимир и нејзиниот партнер Мишо Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top