| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета даде амин на врската меѓу Хари и Меган!

Нејзиното височество, кралицата Елизабета Втора, официјално го даде своето одобрение и благослов за врската меѓу нејзиниот внук, принцот Хари и американската актерка Меган Маркл!

Според извори од Бакингемската палата, кралицата целосно ја поддржува оваа врска и е среќна што Хари пронашол вистинска љубов. Иако кралицата Елизабета сè уште ја нема запознаено идната снаа, без грижи – на Кејт Мидлтон ѝ беа потребни цели пет години за да стигне до неа!

Меган Маркл веќе се запозна со братот на Хари, принцот Вилијам, а и со нивниот татко, принцот Чарлс, а изворите велат дека Меган му оставила многу добар впечаток. Таа сè уште се нема сретнато со Кејт Мидлтон, но велат дека Кејт едвај чека да ја запознае Меган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top