
Фудбалерите на Челзи се наоѓаат во фантастична форма, имаат 11 победи по ред во Премиер лигата, а најнова нивна жртва, во текот на вчерашниот ден беше Кристал Палас, кој го совладаа со 0-1. Но, менаџерот Антонио Конте смета дека во неговиот тим сè уште има место за напредок.
– Нашата серија е фантастична, но за тоа се заслужни фудбалерите, а не јас. Среќен сум поради нив, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Задоволен сум од сегашното ниво на игра, но со дополнителна работа мислам дека можеме да се подобриме. Се наоѓаме во одлична позиција, но не сме стигнати ниту до половина на сезоната и поради тоа мораме да продолжиме со ист ритам – изјави Конте.
Во наредното коло Челзи на домашен терен има шанса да ја продолжи својата серија, бидејќи го пречекува тимот на Борнмут. Воедно Антони Конте по денешната победа стана единствениот тренер на Челзи, кој успеал да триумфира 11 натпревари во серија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


