| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновска: Битката почнува оваа вечер

Се повеќе луѓе се собираат пред Државната изборна комисија вечерва, граѓаните бараат да се признаат изборите и да не се дозволи изборен фалсификат. Валентина Божиновска упати порака дека битката за Македонија почнува оваа вечер и доколку не се признаат изборите масата народ ќе остане пред ДИК.

Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот Македонски предавник Зоран Заев. ВМРО- ДПМНЕ никогаш не бил против албанскиот народ. Не заборавајте дека и за бајрам и за бадник доаѓаат и честитаат. Зоран Заев, се дрзнеш ли со ВМРО -ДПМНЕ ќе добиете народ ќе добиете Македонија. Домот ќе ни биде пред ДИК, со шатори…
Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме елате браќа и сестри да се собереме и тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион. Да знае и Чичаковски и Дума оваа вечер со два куршума ги убиваат и Гоце и Ченто. Браќа и сестри битката почнува од оваа вечер, порача пред масата народ собрана пред ДИК Валентина Божиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top