Свами Шивананда има 120 години и тврди дека доживеал толку длабока старост бидејќи немал секс.
Индискиот монах, кој секој ден вежба јога, сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на светот. Шивананда, кој според податоците на пасошот е роден на 8 август 1896 година, вели дека целиот живот апстинирал од секс.
Вели дека не користи никакви лекови и секој ден вежба јога. Додава дека јаде храна без зачини.
-Дисциплината е најважна работа во животот. Со дисциплина можеш да победиш сè, навики во исхраната, сексуалната желба. Контролата на своите потреби е најголем успех во животот.
-Живеам толку долго бидејќи материјалните работи не се важни и не ме прават среќен. Роден сум во сиромаштија и никогаш не сум има големи потреби во животот. Луѓето денес се несреќни, болни, стануваат нечесни и тоа ме растажува. Сакам луѓето да бидам среќни и здрави и во мир со себе и светот – вели Свами.
Монахот, кој е висок 1.58 метри, никогаш не спиел в кревет ниту користел перница, пишува „Сан“. Спие на под и користи тули како перници. Луѓето доаѓаат кај него во потрага по мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


