| четврток, 6 декември 2018 |

Металург прв финалист во Купот на Македонија

Во првиот полуфинален натпревар од Kупот на Македонија во ракомет, Металург го победи Вардар Про со минимален резултат 21-20

Ракометарите на Металург во драматичен финиш се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако во првиот полуфинален меч вечерва го победија Вардар про со 21-20. Во меч со две различни полувремиња, тимот од Автокоманда ќе ја брани титулата во националниот Куп, откако левото крило на „црвено-црните“ Марковиќ на неколку секунди пред крајот на мечот не го реализираше последниот напад за Вардар.

vardar-metalurg-12

„Металузите“ на вистински начин им се реваншираа на „варадци“ за поразот во СЕХА-лигата и во првентствениот натпревар каде што натпреварот заврши нерешено.
По едно полувреме им припадна на двете екипи. На почетокот Металург одлично го отвори мечот и со рутинирана игра на полувреме дојде до високи пет гола разлика (6:11).
Во вториот дел Вардар не се предаде и заигра поангажирано во одбраната и поконцетрирано во нападот. Предноста полека се топеше и во 52. минути резулатот беше изрманет (17:17).
Во финишот на натпреварот Дарко Станиќ, голманот на Металург, одбрани клучен пенал и им овозможи на своите играчи преку воиграни акции да дојдат до предност од 3 гола разлика.
Сепак, Вардар ја имаше последната шанса за израмнување на резултатот. Но, Марковиќ на само неколку секунди до крајот ја погоди стативата и со тоа Вардар се збогуваа од финалниот натпревар во Купот.
Металруг во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален натпревар меѓу екипите на Зомимак М и Металург Јуниор. Финалето е закажано за утре во СРЦ „Кале“ во Скопје.

фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top