
Иако беше поразена на американските претседателски избори, Хилари Клинтон освои повеќе гласови од нејзиниот противник, кандидатот на Републиканицте и новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Иако се уште не се сите гласови преброени, Клинтон е на добар пат да ја надмине бројката која што ја оствари претседателот на САД во заминување, Барак Обама на претседателските избори во 2012-та година. Обама тогаш освои 65,9 милиони гласови, а Хилари Клинтон моментално има околу 400 илјади гласови помалку од него, пренесува Independent.

Гласовите на гласачите од американските сојузни држави како што се Калифорнија, Вашингтон и Њујорк се уште пристигнуваат.
Кога конечно ќе се пребројат сите гласови ќе стане јасно дека кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп ги освои изборите благодарение на амерканската децениска традиција на гласање поред која кандидатот кој што ќе победи во одредена сојузна држава, ќе ги добие електорските гласови од таа држава.
На изборите на 8-ми ноември Клинтон освои 232 електорски гласови, додека Доналд Трамп осови 306 и така ја надмина квотата од потребните минимални 270 електорски гласови.
Неговиот тим поднесе тужба со која што сака да се блокира пребројувањето на гласовите во Мичиген, откако пребројувањето на гласовите беше одобрено во Висконзин и Пенсилванија. Сите три сојузни држави беа клучни и сите три ги доби Доналд Трамп, но со многу мала разлика во бројот на гласовите на гласачите.
Инаку, Доналд Трамп не е задоволен од тоа што доби помал број на гласови и порача дека ќе победел и на тоа поле доколку повеќе се трудел во некои сојузни држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Трамп ќе го протера Ѓулен за да го омекне ставот на Турција по убиството на Кашоги


