| четврток, 6 декември 2018 |

Бернар Казнев нов премиер на Франција

Францускиот претседател Франсоа Оланд го назначи денеска за нов премиер досегашниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, се наведува во соопштение од Елисејската палата.

Казнев ќе го замени Мануел Валс, кој поднесе оставка за да се вклучи во претседателската трка во Франција напролет, пренесува БТА.

Новиот француски премиер, на возраст од 53 години, беше министер за внатрешни работи од 2014 година и успеа даизлезе на крај со реакцијата на смртоносните напади извршени од џихадистите во земјата минатата и оваа година.

– Казнев е силна личност, со искуство во државните работи – изјави извор од опкружувањето на Оланд.

Валс поднесе оставка на позицијата премиер на Франција за да се вклучи во борбата за номинација на владејачките социјалисти за претседателските избори во земјата, чијшто прв круг е закажан за април, а евентуалниот втор круг – за мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top