Интензивниот и експлозивен бенд „Апокалиптика“ повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година, во „ВИП Арена“, соопшти „Авалон продукција“.
Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, „Апокалиптика“ стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на „Металика“ момците од „Апокалиптика“ докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.
Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на „Металика“ – „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


