| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Јазикот е нашата татковина, да ја затвориме кризата, да ја зачуваме Македонија

Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза на 11 декември да ја затвориме и да ја претвориме во една можност. Тоа е денот кога сите заедно ќе се спротивставиме на ова сценарио кое што се спроведува во Македонија. Бидејќи знае народот што се случува и што сака. Знаеш и ти многу добро што се случува во државата, порача Груевски од големиот митинг во Струмица.

Со изборите на 11 декември ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоинствен народ, кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија.

Судбината на Македонија е во твои раце, повика лидерот на владејачката партија и нагласи дека ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна.

8

Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика.

Сега е твоето време! Сега ти се прашуваш и ти го даваш одговорот. Ти и никој друг.

Затоа што некои прашања навистина заслужуваат одговор!

Зад параван сам со себе, таму е твојот одговор за малите нешта, ама и за големите работи. А пред се на твојата татковина Македонија!

4

Слушајте си го срцето… Сетете се на моментите кога сте биле вистински среќни, кога сте направиле успех на било кој план, кога првпат сте се заљубиле, кога сте се израдувале на добра оценка на училиште, кога сте славеле матурска, кога сте положиле приемен за факултет, кога сте го кажале судбоносното да со саканата и саканиот, кога сте тргнале по невеста со ударот на тапанот, како ви чукало срцето, кога сте го славеле раѓањето на вашите поколенија, кога вашите родители ви кажувале за нивните родители, и ви објаснувале какви еснафи биле полни со принципи и боемска нарав, со мудрости поговорки и шеги. Ссетете се на моментите кога победуваа кошаркарите, ракометарите, кога се славеше 20-годишнината од државноста. Какво беше чувството на гордост кај сите.

Тие чувства, тие моменти, сите тие минути и денови… Тоа е тојата Македонија! Македонија не е полна со омраза и поделеност, не, твојата Македонија е полна со љубов и убави моменти, со гордост, достоинственост, смеа и посветена работа!

5

Ти решаваш за тебе. За тебе и твоето семејство. За сопругот и сопругата. И за децата. За твоите мајка и татко, за баби ти и дедо ти, за внуците, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. И кога решаваш, помисли и на твоите стари, и на оние кои одамна не се со нас, но и на оние кои допрва треба да живеат овде.

Јазикот е нашата татковина, велеше Блаже Коневски. Затоа гласај! Кажи му и на твојот сосед, пријател, соселанец и сограѓанин, на другарите од маало, друштвото од средно, оние на клупите и на стадионите, во салите и фабриките, по пазарите и нивите, во зградите и куќите, дека на11 декември е денот.

Потчукни ги по рамото, прегрни ги, кажи им доаѓа ДЕНОТ! Доаѓа денот! Ова е вашата Македонија!!!! Сите вие одлучувате!!!!

Вашиот ден! Нашиот ден! Кога ќе се слави повторно, кога Македонија ќе победи заедно со вас, со сите вас…

Денот заради кој еден ден ќе бидат горди да кажат – Да! И јас бев делот од таа генерација која покажа како се сака Македонија!

Дел од оние кои го победија мрачното сценарио за редефинирање на државата!

6

Дел од храбрите и горди Македонци кои рекоа едно големо НЕ на оние кои го спроведуваат и стојат зад ова!

Слободно,  демократски, фер. Без притисок, убеди го во аргументите и разбуди ја вербата во него. Ако ја имаме да ја разбудиме, ако ја немаме да ја создадеме, велеше Гоце Делчев.

И без страв, затоа што тебе никој не те исплашил нити пак може да те исплаши!

Ти си дел од огромното мнозинство! 

strumicaaaa

Овој глас нека се пренесе низ целата наша држава, од Струмица до Скопје, од Крива Паланка до Дебар, од Охрид до Куманово, Велес, Битола, Штип, Гевгелија, повика Груевски.

Нека се пренесе гласот на победата…. Гласот на вербата во Македонија!!!!

Спомените и плановите за напредок и успеси!

Нека се пренесе гласот силно и отсечно, гордо и стамено….

Тоа е гласот на нашиот народ кој си ја сака својата држава….

Ти знаеш кои сме, и што сме, се знаеме долго, со сите мани и предности, предизвици и успеси. И знаеш дека нам најмногу можеш да ни веруваш! И дека работиме многу ! И дека се бориме многу!

И ти знаеш дека за Македонија се работи!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top