Актерите Ештон Качер и Мила Кунис го открија името на своето второ дете, на момченцето му го дадоа името Димитри, пишува порталот A plus.
Според порталот, Димитри Портвуд Качер се родил на 30-ти ноември, а новороденчето тежело 3,6 килограми.
-Сакаме на нашите деца да им овозможиме самите да изберат дали сакаат да живеат јавен живот или не. Не сакаме да го правиме изборот за нив- го цитира порталот Качер, кој ја коментирал радосната вест во телефонски разговор.
Актерската двојка се венча во јули 2015 година. Претходно во октомври 2014 година тие ја добија ќеркичката Вајат Изабел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


