| четврток, 6 декември 2018 |

Евровизија се „сели“ од Киев?

Организацискиот комитет на изборот на Евровизијата води преговори за можното преселување на настанот од Украина во 2017 година во Русија, пишува во саботата германскиот таблоид Bild повикувајќи се на неименувани извори во организацијата, но истакнува дека станува збор само за преговори што не значи дека тие се пренесени од украинската престолнина Киев.

Според соговорниците на весникот, одлуката да се бара нова локација каде што би се одржал изборот на песната на Евровизијата е донесена поради тоа што Киев сé уште не дал финансиски гаранции за одржувањето на музичкиот спектакл.

Според процените на експертите, за организирање на овој настан расходите изнесуваат околу 25 милиони евра, сума којашто во овој момент претставува големо оптоварување за украинскиот буџет, пишува Bild.

Во написот се наведува и дека неодамна донесениот во украинскиот парламент закон за дополнителни средства за одржување на Евровизијата не ги убедил организаторите. Од своја страна, пак, Киев тврди дека извори на финансиите се најдени и оти наскоро ќе бидат претставени.

Ситуацијата ја коментираше украинската пратеничка Хана Хопко.„Пренесувањето на Евровизија во друга земја ќе претставува катастрофа за нас“, вели за германскиот весник. Според Bild украинските пратеници сметаат дека Евровизија претставува „прекрасна шанса“ за украинската економија.

Овие шпекулации се поттикнати откако неодамна украинската телевизија објави дека е можно одржувањето на Евровизијата да биде одложено, што беше демантирано од киевските власти.

Украина ја доби организацијата на Евровизија 2017 година откако минатата година пејачката Џамала победи со песната „1994“. Првично, украинските организатори соопштија дека полуфиналните вечери се планирани за 9-ти и 11-ти мај, а финалето на 13-ти мај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top