| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно опериран ракометарот Филип Кузмановски

Успешно е завршен оперативниот зафат врз десната дланка на Филип Кузмановски, ракометарот на скопски Металург, објави неговиот клуб.

Операцијата, која траела два и пол часа, е изведена во клиниката за ортопедија „Билиќ Визион“ во Загреб, а ја извршил проф. др. Ранко Билиќ.

– Операцијата траеше подолго од предвиденото, но е целосно успешна и јас се чувствувам добро. Контрола ќе имам во вторник, а вечерва се враќаме во Скопје – кратко изјави Кузмановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top