
Светската куќа на фудбалот ги објави номинациите за фудбалер на годината кој традиционално со свечена манифестација го прогласува во првите денови од новата година. Според очекувањата двајца Европејци и еден Јужноамериканец.
Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман се тројцата фудбалери кои се издвоија од листата од 40 имиња кои ФИФА ги исфрли минатиот месец. Веќе се извршени гласањата на селекторите и капитените на сите репрезентации. Својот глас веќе го ковертираа и Горан Пандев и Игoр Ангеловски во името на нашата земја.
Иако со големи шанси да влезат во овој избор имаа Нејмар, Бејл и Суарез, се класифицираа веднаш зад споменатата тројка. Роналдо е благ фаворит и по освојувањето на европската титула со Реал Мадрид и Португалија, бубмејкерите му даваат поголеми шанси од останатите двајца кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


