Цариниците кај ГП „Табановце“, заплениле 16 килограмиу марихуана.
Дрогата била сокриена во „голф“ со албански регистраски таблички. Марихуана била напикана во багажниот простор каде што имало уредно поставена плинска боца, која давала индикации дека е полна со гас, но автомобилот бил возен на безнин.
По вадење на вентилот и испуштање на гасот, утврдено е дека во внатрешноста на плинската боца има уште една боца до која царинските службеници дошле со сечење со бонсек. Нејзината внатрешност била полна со марихуана, што било потврдено со тестирање за дрога, со вкупна тежина од 16 килограми. Царинската управа поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а сторителите се изведени пред истражен судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



