| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Обама последен пат ја украси Белата куќа за Божик

Ова е последен Божик на семејството Обама во Белата куќа, а Мишел Обама, повторно ги отвори вратите за децата на американските војници кои ѝ помогнаа при украсувањето на најголем дел од собите.

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250998

Темата оваа година е „Подарокот на празниците“ со што семејството Обама сака да ја пренесе прекрасната порака на подарување и добивање, заедно со подароците како семејството, пријателите, доброто здравје и образованието.

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250985

За украсувањето на Белата куќа биле употребени повеќе од 300 макети од слатки куќички, многу елки, огромен број лампиони и светилки, како и други украси и подароци кои изгледаат магично.

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250980

Покрај децата,  оваа година повеќе од 90 волонтери помогнаа да се украси Белата куќа почнувајќи од Денот на благодарноста па сѐ до денеска.

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250981

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250973

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250971

semejstvoto-obama-ja-ukrasi-belata-kukja-250969

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top