Надеж за 14-годишното девојче, кое две недели лежи на интензивната нега во Ургентниот центар, по кобната несреќа со трактор што се случи на 1 мај во Оризари, Кочанско. Докторите велат дека девојчето дише само.
– Девојчето дише самостојно, но сѐ уште е рано да се каже за понатамошната здравствена состојба и последиците кои би ги имала – вели проф. д-р Зорка Николовска од КАРИЛ.
Тинејџерката чие лице е со тешки повреди успешно заздравува на пластична хирургија и за неколку дена ќе биде пуштена дома со повторно убав изглед, велат докторите. Сите повредени деца се пуштени дома. Први мај беше трагичен за возачот на тракторот и неговата сопруга кога ги враќаа децата од првомајски излет. Сѐ уште не се знае точната причина за несреќата, истрагата сѐ уште не покажа официјално зошто тракторот се превртел. Неофицијално се зборуваше за неприспособена брзина на возилото или неможност возачот да застане навреме поради неисправност на менувачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.