
Реал Мадрид скапо ја плати победата во Лисабон над Спортинг, ако се земе во предвид дека Зинедин Зидан остана без услугите на Герет Бејл, кој заработи нова повреда.
Се играа десетина минути од второто полувреме кога Бејл остана да лежи на теренот жалејќи се на болка во пределот на скочниот зглоб на десната нога. Веднаш му беше укажана лекарска помош, но стана јасно дека Велшанецот нема да може да го продолжи натпреварот, па на негово место во игра влезе младиот Асенсио.
Во текот на утрешниот ден ќе има подетални информации околу паузата на Бејл од терените, но јасно е дека „кралевите“ во меѓувреме ќе се „потат“ со надеж дека не е ништо посериозно, знаејќи дека веќе на 3 декември ги очекува големото дерби против Барселона на „Камп ноу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


