Пред насобраните стружани на митингот што вчера го одржа Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освен носителот на листата во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, и претседателот на партијата, Никола Груевски, се обрати и претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски. Тој ги потсети стружани каков човек стои од другата страна, наспроти Груевски, и дека одлуката за кого ќе го дадат гласот, кој заслужува да биде премиер прородно доаѓа.
–Почитувани пријатели, еден од тие од кои што Заев бараше мито сум и јас, бараше 250 илјади евра напишани на ливче. Повеќе пати сум го прашал сака да му го дадам оргиналот или копијата. 50 илјади за црквата во Струмица, 50 илјади за спортот и 50 илјади за културата во Струмица, а 100 илјади како што вели за Ромите му доаѓале го јаделе пред врата. Па може ли таков човек да се обидува да дојде на власт во Република Македонија. Граѓаните на Струмица многу добро знаат каков е и што за овој период направил. Јас само прашувам, тоа ли е партијата што ќе се бори за средната класа, нивниот лидер во која класа спаѓа, има ли крај на нивната дволичност. Затоа почитувани пријатели на 11-ти декември дајте нема што повеќе да војуваме,нема што повеќе реторики, да го употребиме најсилното оружје, најсилното оружје е пенкалото и да им ја решиме судбината, каде име е местото, местото им е во историјата а ние да продолжиме да ја градиме Република Македонија, рече вчера Јакимовски на митингот на „Коалицијата за подобра Македонија“ во Струга.
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски во март годинава објави скандал во кој е вмешан опозицискиот лидер и струмички градоначалник Зоран Заев. Јакимовски изјави дека Заев на ливче му барал 250.000 евра.

–Вие ќе зборите за криминал, оној што ви е во Струмица во криминал до гуша, снимен фино и лепо како си бара пари и еве уште еднаш да ви кажам пред вашата камера. Тој истиот ваш лидер, што се вика Зоран Заев, од мене има побарано 250.000 евра во коишто со неговото ракописче – го чувам ливчето, дали го сака оригинал или копија да му го дадам. 50.000 евра за црквата, 50.000 за спортот на село, 50.000 за културата и 100.000 Ромите секој ден го јаделе пред вратата го чекале. И пак уште еднаш ве прашувам, го сакате ливчето во оригинал или го сакате во копија? И ќе се прашате зошто инвеститор од Струмица избега токму заради овие пари што ги бараше вашиот лидер, рече Јакимовски во обраќањето до координаторот на советничката група на СДСМ во општина Карпош Магдалена Несторовска.
И затоа, нагласи тогаш Јакимовски, тие имаат најмалку право да зборуваат за криминал во оваа држава.
Ќе си ги прашате ли градоначалниците што ви работат? Они 70% од тендерите ги наменуваат за кертриџи, хартија, средства за хигиена, а само 30% вложуваат во инфраструктура и проекти.
–Е, па, сега, ние парите што ги имаме 80% ги вложуваме во инфраструктура и видете ние сме биле ајдуци, ние сме биле апаши, а тие биле чесните луѓе. И никој не ги прашува каде ви се луѓе парите? Јас да имам лидер како што е Зоран Заев, фатен на дело како си мавта со рачињата како Ал Пачино со цигарчето парите кај батето Вице да ми ги однесете, ќе се скријам и никогаш повеќе за криминал нема да зборувам. И уште имате уста да зборувате и ќе искочите на оваа говорница и некому ќе претите и мислите дека некој овде ќе ви се уплаши. А што е најинтересно, зошто вие од СДСМ бегате од ДУИ или бегате од дебати со Стевче Јакимовски? Затоа што ве знаеме што ќе кажете. Криминали, ќе апсите… Што ќе апсите?, рече Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


