| четврток, 6 декември 2018 |

Иги позира влажна и секси (Фото)

Австралиската раперка Иги Азалиа беше прогласена за “Жена на годината” од списанието GQ и логично ја украси насловната на машкото издание овој месец.

26-годишната русокоса сними секси фотосесија, а акцентот е врз нејзините раскошни гради, кои неодамна таа ги зголеми со помош на пластична хирургија.

Иги позира и за неколку топлес фотографии на кои изгледа подобро од било кога.

2016-та година не беше многу успешна за Азалиа на личен план, бидејќи таа се раздели со нејзиниот вереник Ник Јанг, откако стана јасно дека тој и ја изневерил. Малку потоа го забави објавувањето на својот албум од лични причини.
igi
Сепак пејачката ја завршува годината како заводничка на срцата на своите фанови во Австралија.

По тој повод, таа вели: “Јас сакам Австралија, но живеам во САД од дете и таму сум се оформувала како личност”.

Идејата за “нормалност” Иги ја коментира со зборовите: “Има различни оценки на нормалност во зависност од вашето ниво на лудило. Би се класифицирала како нормална за средината во која живеам, но најверојатно би изгледала луда ако водев поинаков начин на живот. ”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top