| четврток, 6 декември 2018 |

Шансите ни се 1:500: Луѓето ќе изумрат во рок од една година!

Доктор Фергус Симпсон, математичар од Универзитетот во Барселона, проценил дека постојат 13 проценти шанси човештвото да не го доживее крајот на 21. век.

Тој пресметал дека постои шанса од 0,2 проценти да се случат “глобални катастрофи” во било која година во текот на 21. век.

Оваа пресметка се заснова на аргументот со кој се тврди дека може да се предвиди бројот на иднини припадници на човековиот вид, на основа на вкупниот број на луѓе родени досега.

-Наш главен заклучок е дека годишниот ризик за глобални катастрофи моментално надминува 0,2 проценти”, напишал др. Симпсон во академскиот документ кој се нарекува “Апокалипса денес”. Според неговите зборови, околу 100 милијарди луѓе веќе се родени, а од прилика ќе се родат уште толку пред да почне човековата раса да изумира.

Кога станува збор за проценките дека постои шанса од 13 проценти човештвото да не го доживее крајот на 21. век, тоа е пооптимистички заклучок од претходни истражувања, во кои британскиот астроном Мартин Риз сугерирал дека постои веројатност од 50 проценти дека човековиот род ќе изумре до 2100. година. Хипотезата на Симпсон ја следат неколку истражувања кои предупредуваат на апокалиптичните ефекти на климатските промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top