Според истражувањето на Glassdoor (Гласдор) за стандардот на живот во различни европски земји како критериуми се земени фактори како цените на основните производи и услуги, времето за одмор, трошоците за транспорт и комуналните услуги.
Врз основа на овие критериуми, еве и листа , направена од „Бизнис инсајдер“ за седумте евтини градови за живот во Европа:
7. Барселона, Шпанија
Градот е и седми по број на населението во Европа. Привлекува професионалци и туристи од целиот свет, но трошоците за живот се уште се на ниско ниво покрај платите.
6. Лисабон, Португалија
Просечната номинална плата во Португалија според Гласдор е околу 15 500 евра, но трошоците за живот тука се ниски.
5. Атина, Грција
Грција неодамна забележа дека е надвор од рецесија, и покрај високата невработеност во земјата и должничката криза во последните години, ако имате работа, главниот град е поевтино место за живот во споредба со многу европски градови.
4. Талин, Естонија
Трошоците за живот тука се многу ниски, особено имајќи предвид дека главниот град е политички и финансиски центар на земјата. А платите растат.
3. Солун, Грција
Вториот најголем грчки град нуди доволно работа. Тој е и популарна туристичка дестинација.
2. Порто, Португалија
Вториот најголем град во земјата е релативно евтин за живот, тука трошоците се околу 70% пониски од оние за жителите на Њујорк (основен град во споредбата на Гласдор).
1. Тарту, Естонија
Вториот по големина град во Естонија е најевтиното место за живот во Европа. Наречен е „интелектуалната престолнина“, бидејќи е дом на најстариот и реномиран универзитет во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


