Мажите кои јадат лук не само што се поздрави туку и многу попривлечни и попосакувани партнери од жените. Мажите кои јадат четири чешниња лук неделно се попривлечни, пишува во истражувањето на професорот Крег Робертс за весникот „Апетит“.
Испитаниците со недели јаделе лук, што е омилен продукт на сите кујни, но жирито, составен исклучиво од жени, сепак не го оценувале здивот, туку телесните мириси кои ги собирале со посебни перничиња.

Мажите кои јаделе четири чешниња лук уверливо ги победиле колегите кои имале задача да јадат половина од таа количина.
-Лукот е силен антиоксиданс, го јакне имунитетот, убива бактерии и одличен е во превенција од рак, а заради своите здрави особини веројатно и мажите мирисаат подобро. тоа е логична биолошка и еволуциска селекција која е присутна и и кај животните. Видовите кои подобро се хранат ќе ги привлече здрав партнер за парење- велат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


