| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен поранешен министер за внатрешни работи: Голема акција во Хрватска, БиХ и во Република Српска

Во тек е голема полициска акција во координација на Обвинителството на сараевската жупанија и хрватски УСКОК, која се одвива на 60 локации во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Република Српска, пренесува „Ал Џазира“.

Во акцијата се уапсени поранешниот министер за внатрешни работи на БиХ, Алија Делимустафиќ, и Југо Шкриељ, поранешен соработник на Алија Изетбеговиќ.

Акцијата „Правда“ следува по неколкумесечна истрага. Уапсените се товарат за организиран криминал, злоупотреба на функцијата, перење пари и измама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top