Вчера во ПС Свети Николе од страна на родителите е пријавено дека над нивната шестгодишна ќерка од светиниколско село, биле извршени полови дејствија, во текот на месец октомври.
Додека девојчето било во дворот од нивната куќа, поминал М.П (59) од истото село кој ја повикал со него за да и даде батериски ламби и радио да си игра. Бидејќи биле соседи девојчето отишло и седнало на еден од креветите во просторијата која се наоѓала во близина на нејзиниот дом. Веднаш потоа М.П. започнал да врши полови дејствија, по што девојчето се исплашило и побегнало дома.
Од страна на полициски службеници М.П. е приведен во ПС Свети Николе, а по целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.