Познатиот рапер и диџеј Панчо Шорти од дуото ДНК конечно ја запроси неговата девојка и мајка на неговото дете, Маја. Среќната вест дека после седум години врска ја побарал раката на неговата поубава половина, тој ја објави и на социјалните мрежи, меѓутоа засега се уште не се знае точниот датум на свадбата. Маја и Панчо во февруари 2011-тата го добија нивниот прв син Андреј, наречен по другиот дел од познатото хип-хоп дуо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


