Стигнаа и првите реакции од партијата на Обединети за Македонија за петгодишната казна која Врховниот суд денеска му ја одредина Љубе Бошкоски.Од ОМ велат дека таа е дел од диригираното судство, но и дека се сигурни во одлуката на судот во Стразбур, каде што е познато дека се работи за политицки монтиран процес.
Реакцијата од Обединети за Македонија:
Конечно по цела година решавање и измачување со „НАЈСЛОЖЕНИОТ“ предмет со само еден сведок, Врховниот суд изнајде сили и капацитет да одлучи!
Обединети за Македонија се крајно разочарани, но не и изненадени од одлуката на Врховниот суд. Тој практично ја потврди петгодишната казна на претседателот на нашата партија Љубе Бошкоски. Се покажа дека политиката на диригирано судство воспоставена во првостепеното одлучување се следи во инстанционите постапки се до највисоката судска институција Врховниот суд на РМ.
Со ова се продолжува и потврдува практиката во Македонското судство со која граганите на РМ наместо тристепена имаат четири степена инстанциона постапка.Три од нив се пред судовите во Македонија,а последната која е единствено правична и фер пред Мегународниот суд за човекови права во Стразбур.
Не постои дилема за одлуката која овој суд ќе донесе за случајот Кампања.За тоа веке се изјасниа сите релавантни мегународни организации за заштита на човековите права,Стејт департментот и др.Случајот Кампања за сите нив е политички монтиран процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


