Премиерот Груевски и претседателката на комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска се главните во обид да најдат алиби за недоаѓањето на црковни делегации од соседните земји на меѓународната конференција минатата недела тие сакале да прикажат дека виновник за состојбите е ИВЗ, се обвинува во писмото кое е потпишано од муфтијата Плуми Велиу од исламската верска заедница во Битола, а кое според информациите на Канал 5 е напишано во координација со реисатот на исламската верска заедница во Скопје.
Според писмото на битолскиот муфтија Македонската Православна Црква не постои. Премиерот Груевски и претседателката Божиновска се несреќни поради непостоењето на МПЦ во семејството на православните цркви, тврди битолскиот муфтија а причината за таа несреќа според ИВЗ не се муслиманите.
Според писмото кое носи крајно навредлив и провокативен наслов „Раната на мртовецот не чувствува болка“ ИВЗ смета дека Македонија нема углед, а тврдењето дека ИВЗ и нејзиниот поглавар го уриваат имиџот на државата не е точно затоа што тој воопшто не постои.
Инаку на конференцијата за меѓуверски дијалог во Скопје меѓу другите двесте гости од триесетина земји учествуваше и реисот на Српската исламска заедница.
Кругови блиски на ИВЗ за Канал 5 тврдат дека битолскиот муфтија Плуми Велиу кој и порано давал радикални изјави е еден од кандидатите за наследник на првиот човек на Исламската верска заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


