Jа минавте Македонија неколку пати заедно со ГДОМ, при што со тридецениското актерско искуство го чувствувате пулсот на граѓаните. Какво е расположението на граѓаните? Кои емоции ги препознавате кај нив?
ЈОВАНОВСКИ: Време е за крај на кризата, која, навистина, предолго трае. Штетите од оваа криза ги чувствуваме сите, без разлика на нашата идеолошка ориентација. Јас лично мислам дека оваа криза е вешто смислено сценарио за да се дојде на власт по секоја цена. Главните актери на ова сценарио се изродите од СДСМ, невладините организации финансирани од Сорос и од „чадорот“ од надвор. Тие заедно требаше да направат судир меѓу Македонците за да може „оправдано“ да интервенира надворешниот фактор. Точно поради ова граѓаните што доаѓаат на овие трибини се многу загрижени за својата иднина и за иднината на своите деца. Често можат да се видат и солзи во нивните очи. Емоциите се присутни и човек не може да биде рамнодушен на сето тоа. Во моите настапи секогаш се трудам да ги најдам вистинските зборови, кои влеваат сигурност, надеж за подобро утре на нашата држава. Би сакал дел од медиумите во целост да ги проследат моите говори, кои се соопштени со искрена намера, пред сѐ, раководени од патриотски и од човечки причини. Моето искуство како актер многу ми помага во моите настапи. На ниеден настап досега не сум користел микрофон бидејќи не сакам да ме спречува да бидам дел од граѓаните и да сочувствувам со нив. Се надевам, дека изборите закажани на 11 декември 2016 година ќе ѝ стават крај на оваа криза, ќе одговорат на многу поставени прашања за да може Македонија да тргне по патот на просперитетот и на благосостојбата.
Главниот адут на опозицијата за овие избори, се чини, се ветувањата за двојазичност и обидот СДСМ да се претвори во „најголема партија на Албанците во Македонија“. Како Вие лично го разбирате тоа, роден велешанец, „натурализиран“ струмичанец, а сега скопјанец, како што Ве носеше кариерата?
ЈОВАНОВСКИ: Главниот адут, според мене, беа незаконски здобиените прислушувани разговори, кои, во основа, имаа цел да направат пуч и да ја соборат Владата на РМ. Доказ за ова е јавно соопштената изјава на Зоран Заев дека оваа Влада ќе падне за три дена. Бидејќи не се случи тоа, тие почнаа да ги објавуваат незаконски здобиените телефонски разговори, кои требаше морално да ги дискредитираат и уништат водечките луѓе на ВМРО – ДПМНЕ. Кога и тоа не успеа, за што сведочат рејтинзите, тогаш се вмешаа странците и го создадоа Пржино, каде што, меѓу другото, се формираше и СЈО, кое требаше да процесуира обвиненија градени врз основа на незаконски здобиените прислушувани телефонски разговори. Ова до некаде требаше да ја смири опозицијата, но обвиненијата од СЈО беа без факти и аргументи и судот ги одби. Тогаш дојдоа на ред „шарените револуционери“, кои требаше да ја обезличат нашата татковина со бојадисување и до уништување на сѐ што е македонско, а посебно спомениците и институциите. Во недостиг од идеи, нивниот лидер вети двојазичност на целата територија на РМ. Ова за мене е предавство на сопствената татковина и на граѓаните од кои СДСМ без никаков срам бара гласови за да дојде на власт. „Човекот’’ што се фалеше дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе брка од работа сѐ од чистачка, па нагоре, „човекот’’ што лажеше дека има 500.000 фантомски гласачи, „човекот’’ што е аболиран криминалец, фатен како бара поткуп, „човекот’’ што се дистанцираше од „шарените револуционери’’, а заедно со нив фрлаше боја врз светите македонски споменици и институциите на нашата држава, „човекот’’ што се сликаше со терористите во Куманово, „човекот’’ што го има за пријател прислушувачот и монтажер на незаконски здобиените снимани разговори, „човекот’’ што го има за другар Чаушот, нема право да бара глас од македонските граѓани. Ова, со еден збор, е перверзија.
Културата е цел на постојани напади од изградбата на театарот во Скопје, заедно со целиот проект „Скопје 2014“, за сега да дојдеме и до директен напад од СЈО кон Министерството за култура за градбата на Музејот на македонската борба. Во демонстрациите настрада и Театар Комедија, вашиот втор дом. Што препознавате во овој континуиран напад врз институциите на културата?
ЈОВАНОВСКИ: Главниот столб на постоењето на еден народ е во неговите традиции и културни вредности. Проектот „Скопје 2014“ ги содржи сите овие елементи затоа нападите се и најжестоки таму. Се прашувам какво „човечко суштество“ е тоа што го урива, уништува тоа по што треба да нѐ препознаваат во светот. Тоа е исто како да прават фацијална хирургија на своето лице со изглед на изрод – монструм. Театарот Комедија е еден од успешните проекти на Министерството за култура и како таков и тој мора да се уништи и да се фрли в канта за отпадоци. Со еден збор, треба да се сатанизира сѐ што е добро и успешно во оваа држава.
Театарските штици ги „преселивте“ меѓу граѓаните, на народните собири, заедно со другите од ГДОМ, каде што порачувате да не се сатанизира направеното и дека имаме ум сами да ја решиме кризата. Имаме ли, навистина, ум сами да ја решиме кризата, ако во овие две години бевме сведоци на повеќе насилни протести, а ништо не ги премисли двата, условно, „табори“ на политички определени?
ЈОВАНОВСКИ: ГДОМ, во основа, е здружение за одбрана на Македонија. Врз основа на кажаното, мислам дека секој вистински Македонец со интелектуален багаж треба да ја брани својата татковина со позитивна енергија и со љубов.
Кога кај нас не би имало изроди и предавници да нѐ кодошат кај странците, сигурен сум дека можевме сами да си ја решиме кризата. Мотивите на изродите се неосновани и нечовечки, затоа дојдовме до оваа ситуација. Протестите на изродите и на предавниците беа договарани и добро платени во лабораториите на Сорос и на „чадорот“. Многубројните снимки на телевизиите сведочат за тоа, како и со што се служеа и какви закани упатуваа на припадниците на МВР, кои имаа задача да ги чуваат светите македонски обележја и институциите без кои не може да се замисли ни една држава. Тие никогаш не применија сила за да ги спречат вандалите во нивниот налет кон нивната цел. Нека одговорат што ќе се случи со нив ако истото тоа го правеа во демократските земји од старата дама – Европа. Нашите настапи се карактеризираат со позитивна енергија и со љубов. Ова се две спротивставени идеологии и вистини што немаат никаква споредба. Вистината е на страна на народот и граѓаните и вистината и правдата секогаш победуваат.
Што по изборите? Вие и Вашите колеги – театарски работници, некако политички се „поделивте“. Се чувствува ли тоа во работата, во театарот? Можно ли е ладење на суетите по изборите?
ЈОВАНОВСКИ: По изборите многу работи ќе си дојдат на свое место доколку „опозицијата“ ги признае и му честита на победникот. Тогаш, сите обвинувања ќе паднат во вода како што видовме досега дека сѐ што беше изречено како мотив за непризнавање на претходните избори е неточно, неаргументирано, невистинито и лажно. Во контекст на ова, а со цел да се дознае вистината, која лидерот на опозицијата многу често ја употребува, сакам да го потсетам на вистината:
- Кој беше против формирањето македонска држава;
- Кој беше тој што го смени името на нашата татковина;
- Кој беше тој што го смени знамето на нашата татковина;
- Кој беше тој што ги ограби, уништи и се збогати од нашите фабрики;
- Кој беше тој што остави 200.000 илјади работници на улица;
- Кој беше тој што продаде повеќе од 150.000 државјанства на Албанци од надвор;
- Кој беше тој што направи срамна територијална поделба;
Кој беше тој што му ги даде прислушуваните разговори за да може да го сопира развојот на нашата татковина и да ја уценува речиси две години со голема поддршка на чадорот, кој во своето портфолио не знам дали знае дека има подвлечено – по употреба да се фрли или уништи…
Кога ќе одговори на сето наведено, точно и прецизно, тогаш можеме да зборуваме за вистината за Македонија. Ако Зоран Заев одговори на овие прашања, тогаш белки ќе сфати колку години ќе ѝ требаат на нашата татковина за да тргне по патот на вистината.
… Со почит и бог да е со нас.
Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Крсте Јовановски е објавено во 218. број на неделникот Република, 4.11.2016)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јовановски: Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше во афект
-
Јовановски: На аболираниот Заев поважна му е поддршката на Села, отколку националните интереси
-
Крсте Јовановски со поддршка „За заедничка Македонија“: Бројката на граѓани на протестите ќе биде сѐ поголема
-
Јовановски со понуда до Шекеринска: Ќе поддржиме да биде и вицепремиер, само да не го прифаќа предавничкиот договор